Институтот за јавно здравје во својот извештај објавен на 10 јули објави дека Хотел „Десарет”, автокамп „Градиште”, „Љубаништа” и „Ливадишта“, ресторан „Острово” и другите угостителски објекти во „Св. Наум”, како и туристичките населби од Струга до Радожда, се приклучени на канализациониот систем кој е изграден во 2013 година, но истиот не функционира.
Според наодите на институтот, во фазата на третман на отпадни води постои само дробилица за фекалните материи, но не постојат филтри и нема хлорирање на отпадната вода пред испуст во езеро при што претставува директен загадувач на езерото.
Извештајот го елаборира квалитетот и здравствената безбедност на површинските води за капење и проценка на здравствениот ризик пред почетокот на летната сезона.
Единствено на овој потег приклучен на колекторскиот систем е хотелот „Макпетрол”, хотел „Бисер“, наведено е во извештајот.
Согласно постојните информации за извршениот санитарно-хигиенски увид од Центарот за јавно здравје – Охрид, перзистираат објектите од последните години наназад кои не се вклучени во колекторскиот систем, а претставуваат потенцијални загадувачи. Тоа се хотелско-угостителските објекти, како и туристичките населби кои се сместени по должината на охридското крајбрежје, од хотел „Десарет“ до Св. Наум, потоа, хотелско-угостителските објекти и туристичките населби од Струга до Радожда.
Во него пишува дека потенцијални загадувачи се и приватните куќи сместени на брегот од охридското езеро од плажата Сараиште до црквата Св. Софија до приобалниот дел на населба Канео.
Потенцијални загадувачи се и шанкови поставени на самиот брег на езерото на самите плажи, како и испустни цевки за собирање на атмосферски води кои се влеваат езерото, со можност за (намерно или ненамерно) приклучени отпадни фекални води од колективните станбени згради и приватни куќи“, пишува во извештајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.