Извршена канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, од денес неговите мошти се свети

Калеидоскоп 22.05.2022 / 15:45

Со света божествена литургија со која чиноначалствуваше поглаварот на Македонската Православна црква-Охридска архиепископија неговото блаженство г.г. Стефан, во сослужение со митрополитот Кумановско-Осоговски, г.Григориј, во божјиот храм на манастирот св.Јоаким Осоговски денеска се изврши вбројување во диптихот на светите на Свети Јоаким Крчовски.

Ова е историски ден и голема радост за сите кривопаланчани, но и за сите Македонци, а на литургијата присуствуваа и градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски кој потекнува од Крива Паланка, како и голем број верници од градот и околината.

Преподобниот игумен Јоаким Крчовски се вброи во редот на светите откако Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија вонредна седница, на 10 мај 2022, донесе одлука за канонизација на преподобниот игумен Јоаким Крчовски, внимателно изучувувајќи го неговиот животен пат и пастирскиот подвиг, како и чудата што се случуваат по неговите молитви.

Чесните останки на преподобниот игумен Јоаким Крчовски од денес се сметаат како свети мошти и ќе им се оддава достојна почит.

– Овој чин сите нас кривопаланчани не направи особено горди, а одлуката е исклучително значајна и за градот. Ова е радосен ден и ден на кој се гордееме сите. Веќе на утрешната седница на Советот на Општина Крива Паланка е предлог- одлуката за прогласување за неработен ден 23 мај, денот кога Македонската Православна црква ќе го слави овој светец.Истовремено, ќе се донесе одлука за преименување на основното општинско училиште Јоаким Крчовски, во св.Јоаким Крчовски.Се радуваме на овој светол ден што добивме уште еден светител, заштитник, напиша градоначалникот Митовски на својот фејсбук профил.

Според предлогот на МПЦ-ОА, свети Јоаким Крчовски ќе се прославува на 23 мај.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


Comments are closed for this post.

casibom girişjojobetCasibom GirişDeneme Bonusu Veren SitelercasibomCasibomMeritking GirişBets10holiganbet girişmarsbahis girişOnwingrandpashabet güncel giriş