Во свое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите припадници на влашката етничка заедница Ви го честитам 23 Мај – Националниот ден на Власите и Ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, пишува лидероот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во својата честитка.

На денот на одбележувањето на влашката култура и традиција, мора да се истакне придонесот на влашката заедница во Македонија кон заедничкиот развој. Слогата и соживотот граден со векови наназад во Македонија е основа за трасирањето на заедничката иднина.

И денес кога заедно ги споделуваме тешките мигови за државата со октроирано правосудство, девастирано здравство и образование, во услови на должничка и економска криза, а се’ заради криминалот и корупцијата на власта којашто немилосрдно ја разјадува државата, во услови кога се тргува со македонскиот национален идентитет, но и со унитарниот карактер на државата, убеден сум дека со заеднички сили наскоро ќе се избориме да се вратиме на вистинскиот пат заеднички да продолжиме да ја градиме нашата држава врз темелите на заедничките вредности за да создадеме иднина за следните генерации тука во Македонија.

Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај – Националниот ден на Власите!, стои во честитката на Мицкоски.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.