Кралските извидници од Гевгелија, во соработка со повеќе партнерски организации, ве покануваат на Божиќен Базар кој ќе се одржи последните неколку денови од декември годинава на тревникот пред Народниот театар во Гевгелија. Ги покануваме сите наши сограѓани на дружење со храна, кафе/чај и разни десерти. Активностите започнуваат на 29-ти декември во 14:00 часот и ќе има повеќе извиднички работилници на кои децата и тинејџерите можат да учествуваат и да собираат поени.

Базарот завршува на 2-ри јануари. Секој ден ќе има богата прогама, а ќе имаме и базар каде ќе бидат изложени и продавани рачни изработки. На последниот ден од Базарот ќе има Божиќна програма за децата и присутните ќе добијат Божиќно изненадување.

 

Атмосферата за време на целиот настан ќе биде исполнета со пријатна музика. Сакаме да си ги стоплиме срцата и да се подготвиме за прославувањето на Божиќ, Христовото Раѓање, и Нова година. Сите средства собрани од овој преокт ќе бидат искористени за хуманитарни цели.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.