Во Велика Британија се презентирани пиво и вино кои не може да предизвикаат мамурлак, со што Британците најдоа начин да пијат без последици, но да се чувствуваат дека се „потфатени“.

Специјално подготвениот „пијалок“ не содржи алкохол, но сепак е опоен. Овој „алкохол“ само го имитира ефектот на алкохолот. Додека другите безалкохолни пијалоци едноставно се обидуваат да го имитираат вкусот на вистинскиот пијалок, тајната мешавина од билни состојки ефикасно го лаже мозокот да мисли дека е пијан.

Точната чудотворна состојка која имитира алкохол се чува во строга тајна. Моќната мешавина го активира невротрансмитерот во мозокот на ист начин како што тоа го прават неколку чашки текила, чаша вино или шише пиво. Ефектите се јавуваат по околу два до три пијалоци, што значи дека луѓето не се чувствуваат премногу „пијани“.

Исто така, по пиењето нема мамурлак или здравствени проблеми кои можат да се појават со редовно и прекумерно пиење.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.