Музејот во Фиренца, во кој се наоѓа ренесансното ремек-дело на Микеланџело, Давид, ги покани родителите и учениците од едно училиште во Флорида да го посетат, откако по жалбите на родителите дека скулптурата е порнографска, директорот беше принуден да поднесе оставка.

Градоначалникот на Фиренца, Дарио Нардела, ја покани сега веќе поранешната директорка да ги посети, за лично да ја почести. Мешањето на уметноста со порнографијата е „смешно“, рече Нардела.

Реакцијата на Италија покажа како често се перципираат американските културни војни во Европа, каде и покрај порастот на десничарските чувства и владеење, ренесансата и нејзините ремек-дела, дури и голите, генерално се без контроверзии, пишува американски „Политико“.

Училишниот одбор на Талахаси изврши притисок врз директорката Хоуп Карасила да поднесе оставка минатата недела, откако илустрацијата на Давид беше прикажана на час по уметност во шесто одделение.

Еден родител веднаш се пожалил дека тоа е „порнографија“, додека неколку други побараа информации за содржината на предавањата бидејќи училиштето има политика која бара родителите да бидат однапред известени за „контроверзните“ теми што се предаваат.

Сесили Холберг, директорка на Galleria del Accademia, каде што е изложен Давид, изрази изненадување од контроверзноста.

Да се ​​каже дека Давид е порнографија значи да не ја разбираме содржината на Библијата, да не ја разбираме западната култура и да не ја разбираме ренесансната уметност“, рече таа и ги повика директорот, училишниот одбор, родителите и учениците да ја видат „чистотата“ на статуата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.