Инфлуенсерката Роџерија Гиа од Дубаи е казнета со 1.800 евра за влез на заштитената Пинк плажа на Сардинија, пишува Гардијан.

Девојката е казнета со 1.800 евра затоа што влегла на забранетата плажа со розова нијанса на Сардинија, откако на социјалните мрежи споделила серија видеа и фотографии од овој природен рај.

Жената пристигнала на плажата позната по розовиот песок на малиот остров Будели на Сардинија, со гумен чамец, наводно игнорирајќи ги сите знаци за забрана, пишува италијанскиот печат.

Од 1990-тите, на туристите им е забрането да пешачат на оваа плажа – од која често се краде песок – и да пливаат во морето, но тие можат да го посетат островот преку ден со брод и им е дозволено да пешачат по патеката зад плажата.

Жената со бразилско потекло која живее во Дубаи, ја објави содржината на Инстаграм профил со повеќе од 35.000 следбеници. Во еден од видео клиповите, таа оди по песокот додека во позадина свири La Vie en Rose од Едит Пјаф.

Прекршокот, кој наводно се случил пред неколку дена, предизвика гнев кај жителите на Сардинија, што ги натера офицерите на крајбрежната стража на архипелагот Ла Мадалена дополнително да го истражат случајот.

Набрзо ја пронашле жената и ја известиле за казна од 1.800 евра, од кои 300 евра се за прекршување на забраната и 1.500 евра за пристигнување на брод кој немал дозвола за пристап до островот, пишува Гардијан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.