Почина фотографот и снимател Лука Суша. Неговата приказна почнува во родното Скопје,  како дете го напушта својот роден град, живее и се школува ширум поранешна Југославија, за потоа неговите фотографии да се најдат на страниците на бројни дневни и неделни изданија на поранешната држава, како „Политика“, „Борба“, „Базар“… Подоцна работи како снимател во А1 телевизија и подоцна се пензионира.

Во 2017 година од Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска, театарска и танцова академија ја доби традиционалната награда „Љубе Цветановски“ заедно со Зоран Костески .

Тие заедно во дведецениското истражување отсликаа стотици македонски села што се на прагот на исчезнување на тој начин заштитувајќи ги од незаборавот и вградувајќи ги во македонската колективна меморија. Оваа награда секоја година ја доделува овој универзитет во чест на доајенот на македонскиот документарен филм за креативно истражување на современоста, стоеше во образложението за наградата.

 

Во спомен на Лука Суша ја пренесуваме неговата скопска приказна, емитувана на српската телевизија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.