Иако Лувр и Ајфеловата кула се на врвот на листата на секој турист кој патува за Париз, една од изненадувачките атракции на градот се париските гробишта, особено Пер-Лашез. Последното почивалиште на значајни личности, како што се Оскар Вајлд, Џим Морисон и Шопен, е место кое го посетуваат околу три милиони луѓе секоја година. Меѓутоа, меѓу познатите споменици, се издвојува гроб кој постигнал култен статус и покрај тоа што неговиот сопственик живеел прилично обичен живот. Станува збор за Виктор Ноар, новинар кој до својата смрт во 1870 година работел за францускиот весник „Ла Марсеј“, а кога починал имал само 22 години.
И покрај прилично обичната кариера, Ноар на крајот бил убиен од принцот Пјер Бонапарта, братучед на Наполеон III, кој владеел во тоа време. Имено, принцот бил навреден од ставовите искажани во „Ла Марсеј“ за неговото семејство и го предизвикал уредникот на весникот на дуел.
Ноар бил испратен да го договори времето и местото на пресметката, но наеднаш избила тепачка и Бонапарта го застрелал Ноар. Неговата смрт предизвикла бес во јавноста, особено затоа што на крајот принцот бил ослободен од обвинението за убиство. Ова довело до серија насилни демонстрации, Виктор Ноар стана револуционерен симбол, а на неговиот погреб присуствуваа повеќе од 100 илјади луѓе.
Но, тоа не е главната причина зошто овој обичен човек и денес добива бројни букети и венци од цвеќе на својот гроб.
Честопати нарекуван и „најсекси гробница на гробиштата“, гробницата на Виктор Ноар се состои од скулптура на маж во природна големина од Жил Далу.
Фигурата лежи рамно на грб, со отворено палто и капа легната на страна, до ногата. Од непознати причини, Далу направи многу забележлива испакнатост под појасот на скулптурата, а со тоа започна создавањето на бизарен мит кој на крајот го направи гробот на Виктор Ноар симбол на плодноста и сексуалната среќа.
Имено, се верува дека ако жената ги бакне усните на статуата на Виктор Ноар, ја трие испакнатоста на неговите панталони и му фрли цвет во капата, тоа ќе ѝ донесе зголемена плодност и блажен сексуален живот.
View this post on Instagram
Но, некои жени, додуша, одат подалеку од само бакнување и триење, пренесува британски Мирор.
View this post on Instagram
Според урбаните легенди, ако сакате да најдете љубовник треба да го бакнете Ноар во уста. Ако сакате да забремените, треба да му го истриете десниот чевел, а ако сакате да имате близнаци, левата нога. Наводно, после овој ритуал, бебињата пристигнуваат многу брзо, а невенчаните девојки успеваат да најдат сопрузи во рок од една година!
View this post on Instagram
Со оглед на тоа колку се излитени лицето и испакнатоста на панталоните, скулптурата изгледа е жив доказ дека некои луѓе многу сериозно го сфатиле овој мит.
View this post on Instagram
И покрај тоа што во 2004 година околу скулптурата беше поставена ограда и предупредувачки знак, на кој пишуваше: „Секоја штета предизвикана од графити или непристојно триење ќе се гони кривично“, жените брзо ја симнаа.
View this post on Instagram
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.