Фудбалерот Немања Гудељ доби дарежлива понуда и сериозна тема за размислување кога е неговата кариера во прашање, пишуваат српските медиуми.

Имено, сопругот на Анастасија Ражњатовиќ добил покана да се пресели во кампот на Ал Шабаб. Многумина се прашуваат дали Гудељ ќе ја прифати оваа понуда да се пресели во Саудиска Арабија со Анастасија Ражњатовиќ.

Инаку, тие сега живеат во Севиља, Шпанија, каде игра Немања, а Ражњатовиќ ужива во животот таму, што секојдневно се прикажува на мрежите, но останува да видиме кој е приоритет на спортистот во моментов.

Да потсетиме, Гудељ еднаш добро наплати на Истокот, кога во 2017 година ја изненади Европа и го напушти Ајакс поради поканата на Тијенџин Теде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.