Идната баба, Светлана Цеца Ражнатовиќ, не можела да ја сокрие среќата по радосната вест од нејзината ќерка дека е бремена. Таа проговори за медиумите и откри како дознала дека ќе има уште еднo внучe, затоа што Анастасија го откри и полот на бебето.
Кога Анастасија преку видео повик ми кажа дека чекам трето внуче, бев пресреќна. Таа вест за мене не беше шок, туку прекрасно изненадување. Ова е голем благослов од Бога за целото семејство. Анастасија се чувствува одлично, спие малку повеќе од вообичаено, но тоа е нормално – изјави Цеца во емисијата „Цеца шоу“.
Анастасија и Немања веќе го започнаа заедничкиот живот во Севиља каде уживаат во секојдневието и интензивно ја подготвуваат собата за бебето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.