Додека го чекаме крунисувањето на кралот Чарлс, британското кралско семејство не мирува со своите отровни стрели што си ги испраќаат меѓусебно, особено одметнатиот принц Хари.

Пријател на принцот Вилијам наводно изјавил за „Дејли бист“ дека нема никаква врска со помирувањето на престолонаследникот со неговиот помлад брат принцот Хари.

Пред неколку дена медиумите пишуваа дека принцот Вилијам наводно „примил огромна сума пари“ во 2020 година, во спогодба со компанијата „Њуз Груп Веспејперс“ (НГН), на чело со Руперт Мардок, за хакирање телефони со цел да се соберат информации за таблоидите. Самиот Хари го тврди тоа.

Откривајќи тајни Хари пали се до темел. Многу е јасно дека Вилијам е свесен дека неговата врска со него е завршена – тврди неименуван близок пријател на принцот од Велс.

Како што истакнал, иако порано браќата биле најдобри пријатели, сега меѓу нив е готово, а Вилијам ја изгубил секаква доверба во својот помал брат.

– Вилијам никогаш повеќе нема да му верува на Хари. Како можеше? Вистината е дека Вилијам сега апсолутно го мрази Хари и никогаш нема да му ја прости штетата што му ја нанесе на семејството – вели изворот. – Браќата беа многу блиски кога беа помали, толку многу што за нас што ги познававме тогаш е неверојатно што дојдоа до моментот кога Хари ги откри доверливите законски решенија на својот брат.

Станува збор за скандал во кој е откриено дека споменатата компанија хакирала телефони на познати личности и членови на британското кралско семејство.

Во судските документи, чии детали се појавија во медиумите оваа недела, се вели дека принцот Хари тврди:

– Изгледа брат ми знаеше многу повеќе од мене за хакирањето телефон, иако не ми кажа.

Тој понатаму наведува дека НГН „сепак го подмирил своето барање за пари за огромна сума“ и забележува дека јавноста не била запознаена со деталите, „со очигледно поволна зделка за возврат да молчи сè“, додава тој.

Споменатата компанија се обидува да тврди дека е предоцна Хари да поднесе тужба против нив, а принцот не нуди објаснување зошто не поднел тужба порано. Извори блиски до Вилијам веруваат дека Хари излезе во јавноста со сето тоа „за инает“, а наводно и постариот принц го чувствува истото.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.