Секој човек на светот има свој двојник, а се чини дека двојникот на холивудскиот актер Брус Вилис живее во Србија.

На автобуската линија 63 меѓу белградските населби Ледине и Угриновци, некој фотографирал маж кој потсетува на познатиот актер во младите години.

Иако не напишал за кого станува збор, следбениците на корисникот на Твитер налогот Бјанконеробгд веднаш погодуваат дека се работи за „Брус Вилис“.

„Овој личи на оној од Die Hard“, „Брус Вилис бара каде да купи млеко во Србија“, „Брус Вилис се распадна“, „Се повлече од актерството, па се вози со нашиот ГСБ и ужива“, „Тој го снима Die Hard 7“, „Потполно ист“, се пошегуваа во коментарите.

Во продавниците во Србија рафтовите со млеко се полупразни. Официјално е прогласен недостиг на млеко, цената е замрзната, а извозот забранет.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.