Британската кралица Камила не ја користи апликацијата ВатсАп бидејќи користи стар модел на телефон кој не е поврзан на интернет, изјави нејзиниот син Том Паркер Боулс.
Заради националната безбедност, малку се знае за мобилните телефони што ги користи кралското семејство, но синот на кралицата откри дека неговата мајка сè уште користи „старомодeн“ телефон Нокиа.
Тој за магазинот „Woman & Home“ изјави дека неговата мајка никогаш не одговара на повиците преку апликацијата бидејќи нема интернет на нејзиниот телефон и дека затоа е принуден да гледа вести за да дознае што прави и каде е , пренесува Тајмс.
На прашањето дали неговото семејство има група на апликацијата ВатсАп, Паркер Боулс одговори потврдно, но истакна дека неговата мајка – кралицата Камила – која „сè уште користи старомоден телефон „Нокиа“ не е во таа група.
Затоа таа не може да биде дел од групата. Мислам дека тоа е за безбедност, заклучи Паркер Боулс.
Претходно, медиумите објавија дека кралицата Камила „се лути“ кога нејзините внуци ги изнесуваат телефоните на масата за вечера и ги замолува веднаш да ги остават.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.