Богатите Руси се преокупирани со трансфер на барем дел од своето богатство од Европа во Дубаи за да го заштитат својот имот од поостри санкции против Русија поради инвазијата на Украина, изјавија во четвртокот финансиски и правни извори.
Дубаи, финансиски и деловен центар познат по недостатокот на строги регулативи, долго време е познат како магнет за ултрабогатите во светот, а одбивањето на Обединетите Арапски Емирати да застанат на страната на Западот и Москва беше сигнал до Русите дека нивните парите би биле безбедни.
ОАЕ се воздржаа од осуда на руската инвазија на Украина за време на гласањето во Советот за безбедност на ОН.
Емиратите, кои ги продлабочија врските со Русија во последниве години, не воведоа санкции од западен стил, ниту пак централната банка на ОАЕ издаде инструкции за санкции од САД и европските сојузници.
Во секој случај, богатите Руси во моментов во Лондон и Швајцарија се обидуваат да го пренесат своето богатство на безбедно, изјави банкар во голема швајцарска приватна банка.
Ова го потврди и адвокат во Дубаи, кој рече дека неговата компанија добила прашања од руски поединци и компании за тоа како тие брзо можат да префрлат „значителни средства“ во вредност од стотици милиони долари во арапската земја во Персискиот залив.
„ОАЕ е погодно место (за бизнис) – на само неколку часа и без регулатор што е во договор со западните регулатори“, рече менаџерот за инвестиции.
Руски клиенти со сметки во приватни банки, откри еден банкар, отвораат сметки во регионалната канцеларија на истата банка во ОАЕ, додека некои други отвораат сметки во локалните банки.
Тие исто така се обидуваат да инвестираат пари во, на пример, недвижен имот и фондови кои не откриваат информации за имотот.
Дубаи, исто така, долги години е многу популарна туристичка дестинација за Русите и е на самиот врв по бројот на посети и по бројот на купувачи на недвижнини.
Во 2018 година, ОАЕ воведоа програма за „златни“ визи што им нуди на инвеститорите и на другите професионалци 10-годишна дозвола за престој.
Канцеларијата за медиуми, Министерството за надворешни работи и централната банка на ОАЕ не одговорија на прашањето колку руски пари моментално се слеваат во Дубаи.
Засега, нема индикации дека руското богатство што се влева во Дубаи би можело да биде погодено од западните санкции, но некои банкари велат дека постои ризик руските институции кои примаат пари да бидат оцрнети, особено откако голем број мултинационални компании ги прекинаа врските со Москва.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.