Жена (61) од Загреб наводно поради алергиска реакција на убод од инсект ја загубила контролата над автомобилот кој го возела, се судрила со трамвај кој доаѓал од спротивен правец. Починала во болница, после несреќата, а точната причина за смртта дополнително треба да се утврди.

Според неофицијални информации, 61-годишната жена кратко пред несреќата, претрпела убод од оса или стршен, кој и предизвикал алергиска реакција. Наводно, таа реакција е причина за сообраќајната несреќа и смртта која подоцна настапила во болницата во Загреб.

Автомобилот одеднаш прелетал од левата, на десната лента, а потоа, со голема брзина удрил во трамвај. Изгледаше страшно. Дојде полиција, брза помош и пожарникари, кои мораа да ја сечат вратата за да ја извлечат повредената жена, изјавил сведок на несреќата.

Очевидци тврдат дека целиот преден дел на автомобилот завршил под трамвајот. Жената била пренесена во Клиничкиот болнички центар Загреб, каде што починала, најверојатно поради алергиска реација на убод од инсект. Телото е пренесено во Заводот за судска медицина, каде ешто по извршената обдукција ќе се утврди точната причина за смртта.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.