Милијардерот Бил Гејтс ја покажа пред јавноста новата партнерка, со која наводно бил во врска скоро година дена. Станува збор за 60-годишната Пола Херд, вдовица на Марк Херд, извршен директор на софтверската компанија Оракл и некогашен шеф на Хјулит-Пакард, кој почина во 2019 година.

67-годишнит основач на Мајкрософт првпат беше забележан со девојката на неколку натпревари на Австралија опен, а сега нивната врска ја потврди и извор близок до милијардерот.

Нашироко е познато дека Бил Гејтс и Пола Херд се во врска, но таа сè уште не ги запознала неговите деца, изјави извор за „Пипл“.

Веста за врската доаѓа блиску две години откако Гејтс и неговата поранешна сопруга Мелинда Френч Гејтс објавија дека се разведуваат по 27 години брак. Нивниот развод беше финализиран во август 2021 година.

Гејтс и Френч Гејтс (58) имаат три деца, ќерките Џенифер (26) и Фиби (20) и синот Рори (23).

Херд беше во брак со нејзиниот покоен сопруг речиси 30 години, а имаат две деца, ќерките Кетрин и Кели.

Веста за врската доаѓа само неколку дена откако Гејтс за време на едно интервју беше прашан дали се надева дека повторно ќе најде љубов.

Секако, јас не сум робот, рече милијардерот за време на интервјуто за Би-Би-Си.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.