Поранешната американска дама Мeланија Трамп денеска соопшти дека починала нејзината мајка Амалија Кнавс.

Со длабока тага ја објавувам смртта на мојата сакана мајка Амалија. Амалија Кнавс беше силна жена која секогаш зрачеше учтивост, топлина и достоинство. Таа беше целосно посветена на својот сопруг, ќерки, внук и зет. Ќе ни недостига и ќе продолжиме да го почитуваме и сакаме нејзиното наследство, објави Меланија Трамп на платформата X.

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја објави смртта на Амалија Кнавс на својата социјална платформа „Truth Social“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.