Мала компјутерска грешка во адвокатска фирма специјализирана за семејно право довела до ненамерен развод на погрешна двојка.
Адвокатот на „Вардагс“ отворил досие за две лица со презиме Вилијамс кои биле во брак 21 година кога поднеле барање за развод.
Меѓутоа, при внесувањето на деталите, случајно избрал погрешна двојка Вилијамс.
Сер Ендрју Мекфарлејн, дел од одборот на компанијата, објаснува дека имале намера да поднесат барање за развод за друг клиент, но случајно отвориле погрешно електронско досие.
Минатата недела судот одлучи дека конечното барање мора да биде спроведено и покрај грешката.
Младиот адвокат кој ја направи грешката е еден од најдобрите на новата генерација. Тој не е невнимателен или површен. Тој е целосно посветен на својата работа и исклучително способен“, изјавил за „Love Society Gazette“, основачот и директор на адвокатската канцеларија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.