50-тина родители и 60 деца со посебни потреби 20 часа се заглавени без струја во хотелот на ЕЛЕМ на Шапка.
Немаме никаква информација, никој ништо не ни кажува. Има дечиња кои навистина веќе не можат да издржат. Ладно е. Родителите не можат ниту да ги пресоблечат, ниту да ги нахранат децата во колички. Навистина сме во ситуација за која веднаш треба да се реагира, вели Сузана Стојановска, родител, во телефонски разговор за Сител ТВ.
Единствениот одговор којшто го добиле од менаџментот на хотелот бил, уште од утрово, дека за половина час би имало струја, но веќе 20 часа лицата се без електрична енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.