Принцот Хари во своите мемоари сподели сочни детали од првите денови од врската со Меган Маркл, пишува Daily Mail.

Војводата од Сасекс, кој исто така зборуваше за губењето на невиноста во своите нови мемоари, на многу страствен начин раскажува како тој и Меган повторно се сретнале во Лондон откако биле разделени со недели во летото 2016 година.

Принцот открива дека тој и Меган ја поминале ноќта заедно на годишнината од смртта на принцезата Дајана и се сеќава како чекал пред нејзината соба додека таа не ја отворила вратата и го „повлекла внатре“. Хари раскажува како Меган го упатила токму во нејзината соба, односно како се сретнале во Сохо Хаус, каде што таа престојувала.

Имено, тогаш тие биле во врска само два месеца, а откако биле на романтично патување во Боцвана, поминале неколку недели разделени бидејќи Хари бил на долг одмор со пријателите.

Во мемоарите, принцот раскажува како Меган одлетала во Лондон за да се сретне со него на годишнината од смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.

Тој понатаму открива во книгата како му испратила порака дека пристигнала во Обединетото Кралство додека тој и принцот од Велс, Вилијам, полагале цвеќе на гробот на неговата мајка во Алторп. Хари се врати во Лондон со Вилијам и отишол да ја види Меган подоцна истиот ден. Во книгата, тој вели дека таа му рекла да тргне по таен пат до хотелот и до товарниот лифт, каде што се сретнал со нејзината пријателка по име Ванеса, која го одвела до вратата од нејзината хотелска соба. Меган набрзо ја отворила вратата и веднаш ги обвила рацете околу него, се присети тој.

Ме повлече внатре и со еден гест ѝ се заблагодари на својата пријателка, а потоа брзо ја тресна вратата пред некој да не види, пишува Хари.

Не е познато на која локација во Сохо Хаус мислел војводата, но можно е тоа да е истата локација каде што го имале и првиот состанок. На улицата Дин 76 во Вестминстер, Лондон, има градска куќа која вклучува мурал со морски пејзаж. За жал, во 2009 година, зградата беше опустошена од пожар, а во 2015 година беше вратен нејзиниот поранешен сјај.

Инаку, од експлозивните мемоари на војводата од Сасекс се излеваат разни откритија, а се очекува овие денови да излегуваат сè повеќе.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.