Дали знаете дека пред сите онлајн портали и страници, пред сите телевизиски канали за мода и готвење во Македонија постоеше весник основан од жени, кој го раководеле, го уредувале и во него главно пишувале жени. Весникот „Македонка“. Функционирал скоро 10 години, а годинава се навршуваат 80 години од појавувањето на првиот број.

Наслови и приказните дел од весникот „Македонка“. За учителки, докторки, земјоделки, работнички – весникот содржи приказни за сите нив, нивните навики, размисли, култура и нивната борба за надминување на старото со новото време по Втората светска војна.

Весникот комплетно бил создаден од жени, управуван од жени, во него жени пишувале за жени. Прва уредничка била Веселинка Малинска. Од битолско Лавци во овој весник се вградила  Фана Кочовска и двете важни за спроведувањето на политиките за еманципација на македонската жена од тоа време.

„Архиви на невидливите“ е зборникот посветен исклучиво на списанието  „Македонка“, кадешто ги разгледуваме содржини кои се од политички карактер, социјален карактер, социјалните политики, начинот на којшто жените се описменувале и интересно е како прилози на жени од селата од битолско започнуваат да се активни во политичка смисла. Дотогаш не биле воопшто валоризирани во општеството. “



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.