Според астрологот Николас Аујула, 2022 носи финансиска благосостојба и голем успех во полето на љубовта за еден знак, но многу турбуленции и тегоби за друг.
Најнесреќен знак од кинескиот хороскоп во 2022 година ќе биде Тигарот. Тоа се луѓето родени во 1926, 1938, 1950, 1962, 1974, 1986, 1998, и 2010 година.
Според познатиот астролог, 2022 година „ќе ви биде година на променлива среќа во љубовта, па затоа најдобро е да немате премногу големи очекувања. Доколку сте во врска или брак, ќе сфатите дека надворешните фактори ви влијаат врз емотивниот живот. Затоа од големо значење е да зборувате за проблемите со вашиот партнер. Кариерата ќе се развива исто така со побавно темпо. Доколку сакате да напредувате, неопходно е да вложите повеќе труд и напор. Најважно од сè е да бидете трпеливи и да не очекувате дека идеите веднаш ќе се реализираат. Ве очекуваат многу пречки на патот, но на крајот ќе ја постигнете вашата цел и тоа кон крајот на 2022 година. Бидете внимателни што се однесува до луѓето во ваша близина, особено колегите кои гледаат на сопствените интереси.
Најсреќен знак од кинескиот хороскоп во 2022 година ќе биде Волот. Тоа луѓето родени во 1925, 1937, 1949, 1961, 1973, 1985, 1997 и 2009.
Оваа година ќе ви донесе голем успех во љубовното поле, па доколку сте во врска можно е и да очекувате венчавка. Во следниот период ќе ги зацврстите односите со луѓето кои ви значат. Доколку пак сте слободни, ќе имате можност да започнете стабилна врска по која копнеете долго време, само не брзајте. Уживајте во процесот на запознавање. Покрај тоа, ќе остварите напредок и на професионален план. Не плашете се да побарате помош од поискусните колеги, а таа не само што нема да ви биде одбиена, туку и ќе ви донесе нови можности. Секако, не игнорирајте ги и контактите на социјалните медиуми. Мај, јули и септември ќе бидат клучните месеци за вашиот професионален напредок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.