Астролозите се сигурни дека полната месечина вечерва, на 5 февруари 2023 година ни носи неколку нови можности.

Што да правите:

Според нивните совети прво што треба да направите е јасен план до кој ќе се држете строго, од збор до збор. Така полесно ќе стигнете до целта.

Потоа, темелно да си го исчистете домот, а посебно внимание да обратите на подот, прозорците, вратите и сите валкани ќошиња. На овој начин ќе ја исчистите енергијата што се акумулира во вашиот дом.

Не трошете пари деновите околу полната месечина. Купувањето нека почека бидејќи е важно вашиот паричник да биде полн во овој период.

За крај, одморете се, внимавајте на здравиот начин на живот, пијте доволно вода и вежбајте.

Што не треба да правите за време на полна месечина:

Избегнувајте расправии и какви било конфликти
Не пијте алкохол, не користете психоактивни супстанции
Полната месечина не е најдобро време за зачнување – се верува дека бременоста во тој случај ќе биде нестабилна.
Полната месечина нема да донесе среќа во игрите на среќа, коцкањето или картите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.