Овен
Ве очекува период во кој ќе имате нови познанства и кога ќе треба многу да внимавате на исхраната.
ЉУБОВ: Денеска не ви е лесно да донесете некаква емотивна одлука.
РАБОТА: Има некои ограничувања.
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со грбот.
Бик
Денеска по секоја цена избегнувајте конфликти и спорови со околината. Ова важи и за работа и за дома.
ЉУБОВ: Промените на љубовно поле ќе ве задоволат.
РАБОТА: Бидете јасни и директни во комуникацијата со претпоставените.
ЗДРАВЈЕ: Склони сте кон стомачни проблеми.
Близнаци
Оние кои имаа зголемени трошоци сега ќе имаат можност да заработат нешто на страна или да им се врати некој долг.
ЉУБОВ: Одличен период за поврзување со саканата личност.
РАБОТА: Сè за што се борите ќе добиете.
ЗДРАВЈЕ: Можни се помали повреди.
Рак
Не преоптоварувајте се со работа само за да избегнете размислување за проблемите. Мора да почнете да ги решавате проблемите.
ЉУБОВ: Може да се случи сосема неочекувана средба која би ви оставила силен впечаток.
РАБОТА: Можности за силни нови контакти.
ЗДРАВЈЕ: Мали заболувања.
Лав
Денес ќе бидете многу вешти и имагинативни. Иако нормално сте такви, денес ќе се изненадите.
ЉУБОВ: Обидете се да се преиспитате и да дознаете каде е проблемот.
РАБОТА: Деловните одлуки ги донесувате мирно и во согласност со вашата интуиција, што ретко е погрешно.
ЗДРАВЈЕ: Можни се и проблеми со бубрезите и уринарниот тракт.
Девица
Со труд ќе можете да се концентрирате на она што ќе го правите, иако ќе ве измачуваат некои неосновани сомнежи.
ЉУБОВ: Прилично сте заинтересирани за личност која не е сингл.
РАБОТА: Ситуацијата е надвор од ваша контрола.
ЗДРАВЈЕ: Можни се хронични проблеми кај постарите припадници на знакот.
Вага
Сè укажува на успешен период во наредните месеци за вас. Покажете се насекаде во полно светло.
ЉУБОВ: Промената е дефинитивно во воздухот, затоа бидете подготвени на се.
РАБОТА: Работата и комуникацијата што ќе ја имате во овој период треба да имаат позитивен исход.
ЗДРАВЈЕ: Исклучете ја брзата храна од вашата исхрана.
Шкорпија
Пред вас е неспоредливо полесно отколку она кое е зад вас. Имате нова деловна понуда или проект кој е прекинат.
ЉУБОВ: Вашата врска се развива во добра насока.
РАБОТА: Честопати заборавате кои се вашите главни приоритети.
ЗДРАВЈЕ: Зајакнување на имунитетот.
Стрелец
Треба да реагирате во одреден момент и категорично да ги заштитите вашите интереси без разлика кој е спроти вас.
ЉУБОВ: Денеска би можеле да се случат значајни познанства.
РАБОТА: Размислете добро како ќе се однесувате со некои луѓе.
ЗДРАВЈЕ: Главоболка.
Јарец
Не дозволувајте некој да ве оптоварува со погрешни идеи или да ве условува за да му биде подобро.
ЉУБОВ: Ова е денот кога се обраќате кон семејството и најблиските.
РАБОТА: Нема причина да се нервирате.
ЗДРАВЈЕ: Стабилно.
Водолија
Може да има некои непознати околности или детали кои се занемаруваат. Не игнорирајте што се случува околу вас.
ЉУБОВ: Сè е отворено за да уживате.
РАБОТА: Ако треба да направите нешто, очекувајте да ве нервираат…
ЗДРАВЈЕ: Проблеми со стомакот.
Риби
Секој проблем има добро решение, а вие упорно барате кое било, дури и лошо, затоа што само сакате што побрзо да се ослободите од некои работи.
ЉУБОВ: Се обидувате да избегнете некоја обврска.
РАБОТА: Можете да дејствувате премногу набрзина, а тоа ќе влијае на вас и на некои блиски луѓе.
ЗДРАВЈЕ: Слаба циркулација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.