Познатиот руски астролог Тамара Глоба откри кој хороскопскиот знак го очекува една од најубавите години во неговиот живот. На припаднивите на овој знак им следи неверојатна серија на настани кои брзо ќе им ги променат животите на подобро.

Хороскопот за тековната 2024 година е особено поволен за Лавовите.

Припадниците на овој знак конечно ќе можат да се опуштат и целосно да уживаат во животот. Ќе решат многу финансиски проблеми, па дури и постојат големи шанси дека нивната финансиска состојба ќе биде подобра од било кога. Можно е да добијат неочекуван профит од стар проект или заборавена инвестиција Напредокот во полето на приходите ќе биде најизразен во пролетта и летото.

Оваа година ќе биде особено добра за нив кога е во прашање нивната кариера. Советот на астролозите е да се посветат на креативни и интелектуални активности и да ја завршат целата незавршена работа што ја одложувале. Напролет ги очекува голем успех доколку работат со луѓе од странство. Среќата на ова поле може да дојде и преку пријатели или колеги кои ќе им донесат големи можности за напредок.

Иако Лавовите ќе бидат миленици на универзумот во текот на целата година, ноември и декември ќе бидат многу посебни – тогаш ќе има почеток на големи промени кои навестуваат добар период на долг рок. Нова работа, нова љубов, нови интереси – бидете подготвени на сè и верувајте во себе!

Тамара Глоба единствено советува претпазливост во првата половина на пролетта и во доцниот летен период – Лавовите да се пазат од кражба на автомобил или голем дефект на возилото, а постои и ризик од сообраќајна несреќа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.