Под полната Месечина, која на 23 мај 2024 година влегула во Стрелец, ќе го збогатиме нашиот сопствен начин на размислување и ќе се чувствуваме оптимисти за иднината. Онаму каде што порано можеби сме гледале затворени врати или блокади, оваа полна Месечина ќе ги расветли работите и ќе ни овозможи да видиме нов пат напред.

За да може целосно да ја искористиме енергијата на оваа полна Месечина, благодарноста ќе биде нашиот клуч. Колку повеќе се фокусираме на сите подароци и изобилство околу нас, тука зборуваме за подароци и изобилство во сите можни форми, толку полесно ќе се чувствуваме спокојни со нашата моментална ситуација и толку поголема корист ќе чувствуваме.

Искористете ја оваа полна Месечина како потсетник да барате радост, да го прославите сето она што ве прави да се чувствувате добро и да внесете мала авантура и игра во вашиот живот! Испробувањето нови работи, дружењето со пријатели кои прават да се чувствувате добро, правењето нешто што ги разгорува вашите страсти и потсетувањето дека животот не е само макотрпна работа – се одлични начини да се усогласите со оваа енергија.

Напорното работење некогаш прави да се чувствуваме дека сме продуктивни или дека правиме некаква разлика. Меѓутоа, понекогаш најдобрата разлика што можеме да ја направиме во нашите животи и во животите на другите е да бидеме личноста која што носи радост.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.