Полната Месечина во знакот Вага го достигнува својот полн потенцијал на 16 април околу 21 часот.

Влијанието на полната месечина во Вага се чувствува неколку дена пред и по месечењето. Поттикнува напнатост, нервоза, променливи емоции, соништа кои носат скриена симболика, но и не тера да се запрашаме од што треба да ослободиме. Токму тоа треба да го оставиме за да привлечеме нова енергија.

На овие знаци ќе делува најинтензивно:

Овен

Рамнотежа во односите. Решете ги сите стари конфликти кои ги имате со партнерот. Дефинирајте сè што останува нејасно. На овој начин ќе привлечете нови луѓе во вашиот живот. Овој период може да ви донесе обновување на емотивната врска или важно деловно партнерство.

Бик

Променете ги вашите животни навики. Прифатете поздрава исхрана, зголемете ја физичката активност. Организирајте го вашето време и работните задачи. Ќе уживате во продуктивноста.

Рак

Емоциите се на удар. Раздразливоста ќе ја пренесете на семејството но и на партнерот доколку не го надминете она што ве мачи. Ослободете се од сите негативни емоции преку поддршката и советите на најблиските. Земете попозитивен став почнувајќи со подобра самодоверба. Зајакнете ја вашата внатрешна волја.

Вага

На раскрсницата сте на се што ве мачи со месеци. Промените ве плашат и носат непотребни грчеви. Ги добивате шансите што сте ги посакувале толку долго. Ќе ги искористите само доколку сте поопуштени и неоптоварени.

Јарец

Акцентот е ставен на деловните одлуки, конечниот рез, како и реализацијата на оние кариерни планови и амбиции кои ги посакуваат од почетокот на годинава. Останете цврсти и упорни. Верувај те. Со силен и позитивен став ќе ги прифатите посакуваните резултати.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.