Почетокот на владеење на Јарците ја означува и зимската рамноденица, односно денот кога официјално почнува зимата.

Таа носи среќа за три знаци.

Овен – Сонцето се поместува во вашата десетта куќа на имиџ, кариера и јавност, нагласувајќи ја вашата желба да успеете во професионалниот домен. Почетокот на сезоната на Јарците е одличен за тоа да ги засукате ракавите и да се посветите на вашите цели. Искористете ја својата продуктивност и покажете ја својата вредна страна.

Вага – Со почетокот на зимата и периодот на владеење на Јарците, Сонцето се поместува во вашата четврта куќа на домот и семејството со што се нагласува вашата должност и одговорност во вашиот приватен свет. Ќе посакате да поминете време со своите најблиски и да го насочите фокусот на оние кои ви значат.

Јарец – Ова е ваш период што значи дека ќе го чувствувате Сонцето во вашата прва куќа на личниот идентитет. Оваа сезона ве повикува да поработите на своите лични цели, така што не го пропуштајте тоа. Вие сте некој кому успехот му е приоритет, но како што годината се ближи кон крајот, ќе бидете нетрпеливи да измерите колку сте напреднале и да продолжите напред. Дозволете си и малку уживање, прославете го своето постоење.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.