Некои луѓе имаат проблем да ги контролираат своите емоции, па може да имаат испади на лути, особено ако се во врска. Додека некои се обидуваат сами да го решат она што ги мачи, други почнуваат да прават врева и да се расправаат со партнерот. Ова се хороскопските знаци кои имаат најголема веројатност да имаат лути испади кога не го добиваат она што го сакаат.

Овен

Спонтаните и страсни Овни се зависни од акција и возбуда. Кога работите не одат како што треба, тие стануваат вознемирени и откачени, што предизвикува бес. Тие не можат да ги држат своите емоции под контрола и да реагираат толку ненадејно и бурно што на партнерот им е непријатно.

Близнаци

Поради нивните две многу различни личности, Близнаците често имаат драстични промени во расположението кои се одговорни за нивните избрзани и бурни реакции. Доколку сте во врска со овој знак, подгответе се да добиете шармантен, забавен и весел партнер кој повремено ќе има изливи на гнев.

Водолија

Водолиите исто така доживуваат големи промени во расположението. Тие се отуѓуваат од надворешниот свет и нивниот партнер поради нивната склоност да размислуваат премногу за нештата, а тоа доведува до таложење на фрустрации. Иако никогаш не експлодираат без предупредување, кога тоа го прават, тоа обично има негативно влијание врз нивната врска.

Девица

Девиците обично се внимателни кон другите. Тие се потпираат на себе и не сакаат да го мачат партнерот со своите проблеми. Сепак, со нив не е лесно бидејќи лудуваат по секоја ситница. Девиците секогаш сакаат да владеат со ситуацијата, па спремни се да кажат и направат се доколку нешто не оди како што замислиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.