Следејќи го движењето на планетите и ѕвездите, како и затемнувањата кои следат, астролозите го одбраа совршениот период да се стапне на лудиот камен во 2022 година. Според астролозите, најдобар месец за свадби во 2022 година е април, a најдобар ден е последниот ден од месецот.

Зошто токму 30 април? На тој ден Венера и Јупитер ќе се спојат во Риби, нагласувајќи ја љубовта, единството и растот, а за тоа време ќе се случи првото затемнување во 2022 година во знакот Бик. Бидејќи Бикот е знак со кој владее Венера, акцентот на Венера ќе биде посебен во овој период.

Бидејќи Венера е планета на партнерството, астролозите веруваат дека нема подобар датум од 30 април за овој голем чекор во врската. Поради сите случувања, тој ден ќе има голем оптимизам во воздухот, што ќе се погрижи се да функционира и да е како остварување на сонот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.