Тие се одлични пријатели и незаборавни љубовници, но имаат една негативна особина што понекогаш може да ги извади од такт дури и најстабилните личности. Овие личности се контрадикторни до тој степен што понекогаш дури и не можете да се потпрете на нив за ништо. Па, доколку се пронајдете на оваа листа, можеби треба малку да се обидете да го промените своето однесување…

1. Близнаци

Да бидат контрадикторни е клучен дел од карактерот на Близнаците. Овие луѓе се родени збунети и постојано прават сè што е во нивната моќ за да откријат што е тоа што всушност треба да го направат. Ако тоа ви дава импресија дека знаат што прават, верувајте, грешите, така што немојте да се потпирате на нив кога гледате дека не стојат на цврсто тло.

2. Вага

Скалата не е секогаш во баланс кај Вагите, и најсмешниот, како и најироничниот дел е тоа што ретко им се случува да се избалансираат. Вагите постојано го менуваат своето мислење без никакво предупредување. Тие се доследно недоследни кога станува збор за моментите кога можете да се потпрете на нив и нивното контрадикторно однесување може да биде малку непријатно, особено во областа на романсата.

3. Водолија

Ако тие го имаат најдоброто на ум, тогаш нештата не би биле толку страшни. Но, вистината е дека Водолиите не само што се контрадикторни, туку исто така се и себични. Ова значи дека без разлика на тоа колку се тврдоглави за нештата, тие исто така можат да го сменат своето мислење без никакво предупредување.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.