Астролозите именуваа три знаци на Зодијакот кои ќе имаат многу среќа со пари на крајот на овој месец. Тоа значи дека треба да очекуваат ненадеен прилив на сметката или каква било финансиска помош.

Близнаци

Ѕвездите ќе одлучат да им помогнат на Близнаците. Таа материјална среќа може да пристигне од  некои не многу блиски роднини. Помошта може да биде во чест на некој празник, или како наследство. Во секој случај, Близнаците не очекувале дека ќе добијат толку пари. Астролозите советуваат да не се трошат парит, туку да се инвестираат профитабилно.

Вага

На Вагите може да им се исплати бонус за добра работа или да им се додели некаква парична награда. Вестите за ова треба да се очекуваат на самиот датум на младата месечина – 24 ноември. Астролозите советуваат добиените пари да ги трошат на себе и да си ги подобрат условите за живот. Можете да купите нешто за дома или да одите на практичен шопинг.

Риби

Младата месечина во Стрелец ќе им донесе расчистување на сметки и долгови на Рибите. Тоа може да биде отплата на долг, добивка или паричен подарок. Ѕвездите велат дека претставниците на овој хороскопски знак ќе добијат „лесни пари“. Најдобар начин да ги искористите е да ги орочите во банка, откако ќе ги исплатите долговите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.