Овен (21.03 – 20.04)
ЉУБОВ: Почетокот на неделата може да ви донесе мали недоразбирања со партнерот, но ништо опасно биејќи ќе ги поправите со искрен разговор. Ве очекуваат пријатни изненадувања.
РАБОТА: Мали проблеми и промени ќе настанат во вашиот деловен круг, па ќе се почувствувате малку несигурни и немоќни. Присутните Јупитер и Уран ја нагласуваат таинствноста, додека Меркур ви носи нови почетоци.
ЗДРАВЈЕ: Од оваа недела започнете да водите поздрав живот.
Бик (21.04 – 21.05)
ЉУБОВ: По неколкуте бурни разговори конечно ќе најдете заеднички јазик со партнерот. Не бидете премногу критични уште на прв поглед, бидејќи така ги бркате луѓето од вас. На некој пријател му е потребна вашата поддршка.
РАБОТА: Доколу работите во администрацијата или нешто поврзано со економија, оваа недела е одлична за вас. Интелектуално сте многу силни па нема да имате никаков проблем. Можни се мали потези кои ќе ви донесат големи приходи.
ЗДРАВЈЕ: Внесувајте поразновидна храна.
Близнаци (22.05 – 22.06)
ЉУБОВ: Се чини дека оваа недела нема да биде баш најповолна за припадницте на овој знак. Нивото на стрес ќе биде зголемено, па поддршката од партнерот и семејството ќе ви биде повеќе од потребна.
РАБОТА: Работата оваа недела не оди баш најдобро. Некои ќе донесуваат брзоплети одлуки кои можат да ги чинат пари и нерви. Препреките ќе постојат на секој чекор, а смиреноста ќе биде вашето најголемо оружје против нив.
ЗДРАВЈЕ: Зголемениот стрес ќе си го направи своето – несоница и главоболки.
Рак (22.06 – 22.07)
ЉУБОВ: Разведрување на ситуацијта. Поволна недела во која можете да направите некој посмел чекор. Нека не ве плашат грешките од минатото, променете го вашиот негативен став и ослободете се.
РАБОТА: Најверојатно дека оваа недела само ќе се досадувате, нема простор за напредок. Обидете се да си ја направите работата поинтересна, променете го пристапот кон обврските. За ситниците кои не ви се јасни обратете им се на колегите.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Лав (23.07 – 22.08)
ЉУБОВ: Нема да знаете како да постапувате, ќе има позитивни настани, но повеќето ќе бидат негативни. Најдобро е да не повлекувате нагли потези. Паузирајте со емоциите со цел да не предизвикате уште поголем проблем.
РАБОТА: Се однесувате несоодветно, па најверојатно поради тоа ќе бидете казнети. Ставете им крај на малите и ситни лаги и измами бидејќи колегите и шефот одамна ви ги имаат прочитано намерите. Егото ви создава проблеми.
ЗДРАВЈЕ: Намалете ги мастите.
Девица (23.08 – 22.09)
ЉУБОВ: Поволен период за започнување на нешто ново. Новата врска или новото пријателство ќе донесат среќа во вашиoт живот. Бидете искрени уште на самиот почеток. Претставете се во вистинското светло.
РАБОТА: Големиот број на проекти нема да ви дозволи да се одморите. Издржете уште малку следи разведрување на деловен план. Плановите кои ги имате за во иднинa ќе биде потребно малку да ги одложите.
ЗДРАВЈЕ: Можни се проблеми со бубрезите.
Вага (23.09 – 22.10)
ЉУБОВ: Ќе доживеете интересна и несекојдневна ситуација која ќе пробуди некои нови чувства кај вас. Нема да можете да и одолеете на личноста од спротивниот пол која ќе ви предложи нешто интерсно. Уживајте во убавите мигови.
РАБОТА: Можно е малку да ја запоставите работата, но не грижете се ништо страшно. Нема да постојат проблеми доколку малку ја освежите главата. Кон половината на неделата повторно максимално ќе се ангажирате за завршување на обврските.
ЗДРАВЈЕ: Можна е појава на вкочанетост, применувајте вежби за релаксација и истегање.
Шкорпија (23.10 – 21.11)
ЉУБОВ: Имавте некои сомнежи во текот на минатата недела, а во текот на оваа ќе сфатите дека беспотребно сте се грижеле. Не ги отфрлувајте идеите на партнерот, оставете му малку простор за и тој да реши некоја задача од вашиот заеднички живот.
РАБОТА: Совршено се снаоѓате во деловниот живот. Некои обврски и задачи ви се одапред завршени, па затоа ќе имате доволно време да си посветите и самите на себе. Финансиски совет барајте само од стручни лица.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Стрелец (22.11 – 21.12)
ЉУБОВ: Вашиот партнер јасно и гласно ќе ви ги каже неговите желби, не се фрустрирајте бидејќи нема да можете сите да ги исполните наеднаш, обидете се постепено да ги исполнувате, тие се важни за вашиот заеднички живот. Оние кои не се во врска, оваа недела им носи интересна личност.
РАБОТА: На работа ќе ве очекуваат вообичаените обврски, па нема да почувствувате промени на темпото. Некој ќе се обиде на дискретен начин да ви укаже каде сте грешеле во минатото, не се лутете.
ЗДРАВЈЕ: Променливото време може да ви донесе настинка
Јарец (22.12 – 20.01)
ЉУБОВ: Ве очекува интересен состанок со лице кое е сосема спротивен карактер од вашиот, тоа малку ќе ви делува чудно на почетокот, но за вас ќе биде интересно и задоволувачки. Оние кои се во долга врска, ќе се обидат да ја обноват страста.
РАБОТА: Мали проблеми ќе тропнат на вашата врата. Се обидувате на сите да им помогнете па ќе се најдете во жешката средина во која нема да ви биде воопшто пријатно. Можно е да одговарате за туѓите грешки, а за тоа сами сте виновни.
ЗДРАВЈЕ: Подобрете го расположението со омилената музика, отфрлете го стресот и зголемете ја дозата на витамини.
Водолија (21.01 – 19.02)
ЉУБОВ: Одличен период во кој слободните ќе запознаат нови интересни личности, меѓу кои ќе биде и нивниот иден партнер. Оние во долга врска или брак ќе ја освежат љубовта со неколку романтични потези.
РАБОТА: Малку ќе потфрлите на деловното поле, но не се грижете, тоа ќе биде само на кратко. Колегите ќе забележат дека имате промени во приватниот живот и ќе ви помогнат со деловните обврски.
ЗДРАВЈЕ: Можна е настинка, подобрете го квалитетот на исхраната.
Риби (20.02 – 20.03)
ЉУБОВ: Во текот на оваа недела ќе дознаете една не толку пријатна вистина за вашиот партнер. Ќе бидете разочарани, па можно е да се обидете да барате утеха во првата личност од спротивниот пол на која ќе налетате.
РАБОТА: Ќе бидете загрижени за развојот на настаните на работното место, но не се грижете вашата среќна ѕвезда нема да дозволи некој да ви наштети. На половината од неделата ќе поминат сите загрижувачки настани.
ЗДРАВЈЕ: Одлично
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.