Астролозите веруваат дека гардеробата која ќе ја одберете за дочек на Новата година и тоа како влијае на тоа каква ќе ви биде следната година и колку среќа ќе ве прати на полето на љубовта, работата, финансиите и здравјето…
Тие веруваат дека одредена боја „може да блокира“ некој хороскопски знак во остварувањето на своите желби.
Хороскопот за 2023 година вели дека за дочекот треба да се избегнуваат пенливи материјали и светки, како и природно крзно, „откачени“ креации. Памук, свила, сатен, шифон се омилените материјали за новогодишните прослави.
Општата препорака за избор на бои за сите хороскопски знаци е да се избере сина, црна и зелена, а да се избегнува темно кафеава, светло жолта и бела облека.
Меѓутоа, во однос на кој елемент припаѓаат, астролозите точно утврдиле кои бои и нијанси се препорачуваат за знаците од Зодијакот.
ВОЗДУШНИ ЗНАЦИ
Воздушните знаци, поточно Близнаци, Вага и Водолија, најдобро би било да изберат облека во боите на небото, како и темно сина.
ВОДЕНИ ЗНАЦИ
Во оваа група спаѓаат Рак, Скорпија и Риби, а астролозите велат дека треба да се фокусираат на „подлабоки“ тонови, како што е сино-сината.
ОГНЕНИ ЗНАЦИ
Хороскопските знаци чиј владејачки елемент е оган се Овен, Лав и Стрелец. Доколку припаѓате на еден од овие три знаци, ќе имате најголеми шанси да ви се остварат желбите доколку за дочекот изберете облека во светло црвена нијанса.
ЗЕМЈЕНИ ЗНАЦИ
За знаците чиј владетел е елементот Земја, а тоа се Бикот, Девицата и Јарецот, астролозите препорачуваат Новата година да ја дочекаат облечени во зелено!
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.