Полната Mесечина ќе се случи денес, четврток, 23 мај во 16:53 часот во знакот Стрелец. Оваа мајска полна Месечина се нарекува цветна.

Стрелецот е најрадосниот и најпозитивниот знак во Зодијакот. Симболизира учење нешто, менторство, жед за авантура, ново знаење, патување, како и мудрост, глобални идеи и развој. Можно е полната Месечина во овој знак да ве поттикне повторно да се освестите за некои вредности или да ги промените вашите верувања, бидејќи ќе откриете дека старите верувања  повеќе не се релевантни за вас.

Оваа полна Месечина може да ни даде сомнежи, како и намалување на самодовербата – ќе најдеме мана во нашиот изглед, статус, односи и позиција на работа повеќе од вообичаено, а ​​за да го компензираме ова незадоволство, ќе сакаме да се препуштиме на непотребно трошење или прејадување, мрзеливост… Обидете се да го контролирате тој „напад“.

Полната Месечина во Стрелец е енергија на среќата, која особено може да се почувствува два дена пред и после полната Месечина. Сега е вистинското време да се направи нешто многу важно, да се планира некој вид на проект – ова е идеално време да се создаде база, да се формира основа. Добротворноста ќе ви помогне да заработите добра карма за себе во овој период.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.