Цвеќето многу говори за себе, за личноста што дарува и за личноста која го прима.

Покрај вообичаениот говор на цвеќето, треба да ги познавате и основните карактеристики на хороскопските знаци.

Овен
Очекуваат ритуал при дарувањето, а сакаат да почувствуваат страст, предизвик и по некоја љубовна искра.
Овните секогаш се движат од силни емоции, па омилени бои им се црвената, пурпурната и сите бордо нијанси. Вистински избор е букет од црвени каранфили.
Бик
Владее планетата Венера, која на сите припадници на овој знак им подарува убавина и привлечност, а не ретко и уметнички талент. Според легендата, црвената роза настанала кога Венера, златната планета на Бикот, се боцнала од три бели рози, а нејзината крв ги обоила во црвени. Розата е симбол на љубовта, а Биковите живеат за љубов, па затоа овој преубав цвет е прогласен за нивен симбол. Вистински избор се букетите со складни тонови или пак рози комбинирани со зелени листови.

Близнаци
Синоним за авангардност, нови модни трендови и интелигенција. Бидејќи често се непостојани, на луѓето им се симпатични поради својата снаодливост и подвижност. Вистински избор се ирисот и кринот, по можност во бела боја, или во некоја друга светла нијанса. Доколку дневната соба на Близнаците ја исполните со зумбули и лилјани, тие ќе бидат и повеќе од задоволни.
Рак
Како и сите водени знаци, тој е голем сонувач. Нежни се, чувствителни и романтични, па од луѓето очекуваат големо внимание. Нив најбрзо може да ги расположите ако им направите вкусна вечера или ако им подарите романтичен букет. Нема да погрешите со виолетовиот јоргован, рози во пастелни бои или ситно бело цвеќе. Најсреќни се ако добиваат по еден цвет секој ден од вашата градина.

Лав
Елегантни, силни, отворени и оптимисти. Ова е знак кој поседува најголема моќ, амбициозност, виталност и често во разните односи се наметнува. Цветниот симбол на Лавот е сончогледот, цвет со величествени портокалово-жолти цветови, на кој никој не може да му одолее. Сакаат да им подарувате цвеќе во голем стил, галантно и искрено. Вистински избор е букет од портокалови цветови.
Девица
Сакаат бел крин, а при изборот пресудни се срамежливоста и опседнатоста со хигиена. Девицата е земјен знак, па доколку се одлучите да и подарите цвеќе, знајте дека таа од вас очекува да бидете крајно искрени и сериозни. Нема да погрешите и со букет орхидеи или јасмин, посебно во бела боја, а од хортензијата ќе и блеснат очите.

Вага
Имаат грациозност и складни движења, заштитени се од Венера, па затоа во емотивниот живот се доста чувствителни и ранливи. Лалињата најдобро ги претставуваат, бидејќи се со високо и тенко стебло, нежни листови, што е симбол на елеганција. Тие се многу пребирливи, а ќе ги израдува заносниот ирис или голем букет од бели рози.
Скорпија
Се вели дека не се многу нежни, но затоа се многу еротични и магнетски го привлекуваат спротивниот пол. Сакаат да флертуваат, па ако одлучите да им подарите цвеќе, таа на тоа ќе одговори со некоја еротска порака. Посебно ќе ги израдувате ако им подарите букет гладиоли во црвена, виолетова и во портокалова боја. Добар избор се и цветните кактуси или рози во комбинација со гранки од папрат.

Стрелец
Се карактеризираат со идеализам, сонување и мала доза на детинесто однесување. Главен виновник за тоа е нивната планета Јупитер, која им дава неодолив шарм. Цветниот симбол на Стрелците ја симболизира желбата за разновидност. Кога им подарувате цвеќе, добар избор е темјанушката во силно-жолта боја. Не заборавајте дека Стрелците реагираат и на опојниот мирис од цвеќињата. Поради нивниот сензибилитет најмногу ги погодува различен и шарен цвет.

Јарец
Јарецот е многу рационален и секогаш знае што сака. Тој повеќе ќе биде задоволен од еден убаво спакуван цвет отколку од раскошен букет. Сепак, букетот од миризливи зумбули или саксиското цвеќе ниеден Јарец нема да го остави рамнодушен.

Водолија
Со водолијата владее планетата Уран, а негова главна карактеристика е независноста. Цветниот симбол на Водолијата е мимозата, симбол на еманципација и слобода. Кога им подарувате цвеќе определете се за букет од крин, зимски ружи или полско цвеќе во сина боја. Посебно се препорачува нарцисот.
Риби
Не можат да го замислат животот без љубов и нежност. Тие се големи љубители на цвеќиња и со задоволство ги одгледуваат бидејќи им се извор на неизмерна среќа. Рибите ќе се израдуваат на букети од различни видови на папрат со богати гранки, како и цветови со опоен мирис. Омилен цвет на Рибата е јасминот што најмногу одговара на нивната романтична природа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.