Се ослободивме од ретроградните Меркур и Венера, па конечно работите почнуваат да се враќаат во нормала, а тоа важи и за финансиската состојба. Сонцето и Марс во Вага влијаат на потребата за рамнотежа, па добро е што ќе има помалку избрзани, финансиски потези.
Играме уште еден ѕвезден рулет, а одредени знаци ќе имаат поголема среќа кога се парите во прашање. Доколку се прашувате кој ќе има пари до крајот на септември, меѓу нив се и знаците: Девица, Вага, Стрелец и Лав.
Девица
Меркур тргна напред, а Сонцето и Марс ви носат одлична заработка. Парите едноставно сами ќе ви дојдат во следниот циклус.
Вага
Позитивен период за пари ви трае цело време. Планетите се поволни за вашиот знак, па имате можност да заработите повеќе. Висината на вашата заработка во овој период зависи исклучиво од вашата иницијатива.
Стрелец
Плутон во добри аспекти ви носи можност да заработите многу пари. Јупитер во Бик ви обезбедува добар приход, а исто така го менува вашиот однос кон парите. Научивте дека понекогаш ризикот се исплати.
Лав
Меркур ви носи стабилна заработка. Финансиски конечно ќе се опоравите од трошоците што ги имавте во август.
Хороскопскиот знак, пак, кој треба да игра игри на среќа е Бик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.