Филипините го подигнаа нивото на тревога на третото ниво на вулканот Мајон, откако беа регистрирани вулкански земјотреси и стотици одрони од карпи.

Вулканот висок 2.462 метри во централната провинција Албај „покажува магматска ерупција“, соопшти филипинската агенција за вулканологија.

Денеска агенцијата го подигна нивото на тревога за вулканот Мајон на три на скала од пет, откако нивото на тревога беше подигнато на второ ниво на 5 јуни.

Агенцијата наведува дека луѓето во радиус од шест километри од вулканот треба да се евакуираат, како и дека пилотите треба да избегнуваат прелети во близина на кратерот на вулканот, пренесе Ројтерс.

Мајон е еден од најактивните од 24-те вулкани на Филипините и еруптирал повеќе од 50 пати во последните четири века.

Најразорната ерупција се случи во февруари 1841 година, кога лавата го затрупа градот и умреа 1.200 луѓе.

Филипините се наоѓаат во пацифичкиот „огнен појас“, каде вулканската активност и земјотресите се вообичаени.

Мајон привлекува многу туристи поради неговата речиси совршена конусна форма.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.