Од 14 септември за сите новороденчиња во Србија ќе биде обврзен скринингот за спинална мускулна атрофија. Прегледот ќе биде на трошок на српскиот Републички фонд за здравствено осигурување (РФЗО).
Предвидено е мострите да се земаат во сите породилишта во Србија, додека анализата на примероците ќе се врши на Биолошкиот факултет на Универзитетот во Белград.
Целта за воведување скрининг веднаш по раѓањето е рана дијагноза во предсимптоматската фаза на болеста, што е од суштинско значење за исходот од третманот на спинална мускулна атрофија, а со тестирањето по раѓањето нема да се губи повеќе време за утврдување дијагноза“, се наведува во соопштението на РФЗО.
На сметка на РФЗО од 2021 година задолжителни се скрининзите за фенилкетонурија, хипотироидизам и за цистична фиброза.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.