Платите во образованието да се усогласат со Колективниот договор, се друго е замачкување очи, да се покачи и во здравството, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Зголемување на платите треба да се направи и во здравството, но и во другите сектори кај што вработените земаат плати кои се нешто над минималната плата во Македонија.
Сите граѓаните го чувствуваат по својот џеб каков драстичен пад на стандардот се случува и неправедно е некои од нив да не го добијат покачувањето на платите кое го заслужуваат. Во услови кога основните животни продукти поскапеа за над 30%, а горивата за 70%, во услови кога се зголемија сметките за струја и сите трошоци за живот, сите граѓани заслужуваат да земаат повисоки плати согласно сложеноста на работните места и обврски“; се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.