Во организација на евровизискиот фан-клуб „ОГАЕ Македонија“, вечерва со почеток во 21 часот, традиционално ќе се одржи евровизиска забава за испраќање на македонската делегација и на евровизиската претставничка Андреа во Торино.
На забавата во пресрет на евровизискиот натпревар посетителите ќе уживаат во најголемите евровизиски хитови, победничките песни од изминатите години, како и песните на досегашните македонски претставници.
Локацијата е „Нано бар“ во Дебар Маало, а влезот за сите евровизиски фанови е бесплатен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.