Македонскиот пејач Васил Гарванлиев на втори ноември го прослави 38. роденден, а сега со своите следбеници сподели фотографии од интимната роденденска прослава.

Во друштво на неговиот партнер Џејсон Карафа и близок круг на пријатели пејачот ги дувна свеќичките од роденденската торта, славејќи под отворено небо во еден луксузен бар во Чикаго.

Каква година! Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката, пораките и за тоа што сте тоа што сте. Минатата година беше една од најважните во мојот живот и ова „избрано семејство“ е почеток на убавите работи кои допрва доаѓаат.

Опкружете се со љубов, радост и суштества кои ја гледаат светлината. Ве сакам – напиша Васил во описот на роденденските фотографии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.