Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска оствари средба со шефот на мисијата на Европската Унија во земјава, амбасадорот Дејвид Гир.

На средбата, како што соопштија од кабинетот на Груби, се разговарало за Јавниот повик за поддршка на невладините организации бидејќи оваа поддршка, се наведува, продолжува од страна на Владата. Најавуваат дека процесот ќе биде многу транспарентен бидејќи вклучува претставници од повеќе институции, како и од Советот за поддршка на невладините организации, а во целиот процес на селекција се поканети да учествуваат и претставници од Европската Унија.

– Потребата од уставни измени за да се отвори дискусијата за европската иднина на државата беше дел од разговорот меѓу Груби и Гир, но и одлуките кои во наредниот период треба да се донесат во Собранието со политички и општествен консензус од сите општествени политички чинители, стои во соопштението од кабинетот на Груби.

Груби и Гир разговарале и за внатрешно-политичките настани во земјава, со фокус на европските трендови и интеграции, како и за успешниот напредок на скрининг-процесот и спроведување на реформит



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.