Аргентинецот Мауро Икарди (29) потпиша договор со Галатасарај, а во редовите на турскиот великан дојде и поранешниот шпански фудбалски репрезентативец Хуан Мата (34).

Икарди се пресели во редовите на Галатасарај како позајмен фудбалер од ПСЖ, додека Мата по осум години го напушти Манчестер јунајтед и потпиша двегодишен договор со турскиот прволигаш од Истанбул.

Според турските медиуми, Галатасарај ќе покрива дел од годишната плата на Икарди во износ од 750.000 евра, додека остатокот од шест милиони евра ќе го плаќа ПСЖ.

Мата, пак, во Галатасарај ќе заработува 1.9 милиони евра по сезона.

Претходно во летниот преоден рок за Галатасарај потпишаа Дрејс Мертенс од Наполи, Лео Дубоа од Лион, Сержо Оливеира од Порто и Харис Сеферовиќ од Бенфика.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.