Вaлери Герасимов, еден од главните команданти на руската армија, наводно бил ранет во Украина, објави германски „Билд“, повикувајќи се на украински медиуми и официјални претставници. Информациите не се независно потврдени.

Герасимов (66) наводно бил погоден од шрапнел во десната нога. Нема опасност по неговиот живот, се додава во извештаите. Веста за ранувањето на Герасимов ја објави и поранешниот украински министер за внатрешни работи, Арсен Аваков.

Како што пишува „Билд“, повредите се случиле во близина на градот Изум во саботата. Во истиот напад на командниот центар на руската армија, според советникот на украинскиот министер за внатрешни работи, Антон Герашченко, загинале неколку високи руски воени службеници.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.