Европските фудбалски гиганти Барселона и Манчестер јунајтед се најдоа на листата клубови кои Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) ги казни поради кршење на финансискиот ферплеј.
Шпанскиот првак Барселона е казнета со 500 илјади евра поради „погрешно пријавување добивка од продажба на нематеријален имот“.
Манчестер јунајтед, пак, поради „помал дефицит на рентабилноста“ ќе треба да плати казна во износ од 300 илјади евра.
Парични казни им се изречени и на кипарски АПОЕЛ, турските екипи Конијаспор, Башакшехир и Трабзонспор, како и белгиските Антверпен и Андерлехт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.