Пред зградата во белградски Врачар каде што живее семејството на Коста кој вчера изврши брутално злосторство, попладнево се собраа околу стотина млади луѓе, пишува Слободна Далмација.
Учениците од неколку белградски училишта, меѓу кои има и матуриранти, сакаат да укажат на системот кој, како што велат, во голема мера пропаднал во Србија.
Новинарите на Слободна Далмација разговараа со 19-годишниот Александар Јокиќ – другар на момче кое ја загубило сестра си во масакрот.
Сакаме само да апелираме до Владата да преземе нешто околу ова. Убиена е сестрата на наш добар другар. Како и уште седум невини деца и човек кој бил пример за сите. Ова не треба да остане неказнето, дете самото да влезе на училиште и да направи масакр, вели Јокиќ.
Бараат да се воведе закон со кој и по 12 години некој ќе може кривично да се гони.
Што се однесува до момчето што го направи тоа, очигледно бил под влијание на општеството и не му било добро во главата кога на училиште влегол со пиштол и го направил тоа. Се надевам дека вакво нешто никогаш повеќе нема да се случи во Србија“, рече Александар, пишува „Слободна Далмација“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.