По годинешното летно издане на фестивалот на музички документарци СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ, јулската програма на Кинотеката продолжува со проекции на филмовите од програмата на фестивалот на нов европски филм – СИНЕДЕЈС.
На репертоарот на СИНЕДЕЈС ќе можете да видите неколку нови остварувања од европските кинематографии, како и четири наслови на еден од најзначајните автори на германската и европската кинематографија во овој век, Фатих Акин. НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven), ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts), РЕЗ (The Cut) и ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen) се насловите на овој мајстор на човековата драма кои скопската публика ќе може да ги види под отворено небо во летното кино.
Средната на јули е резервирана за новото издание на Фестивалот на електронска музика, визуелни уметности и нови медиуми – ДЕСОНАНЗ. Јулската програма на Кинотеката го содржи и уникатниот француски документарен филм КАДИФЕНА КРАЛИЦА ( La panthère des neiges / Velvet Queen), снимен на Тибет, чии автори трагаат по реткото животно и смислата на денешниот живот, а на програмата е и кинеската акциона драма ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain).
Францускиот филм ТИТАН (Titane) во режија на Жулија Дукурно (Julia Ducournau) е од оние наслови што не треба да се пропуштат. Победата на минатогодишниот кански фестивал, но многу повеќе контроверзите што ги предизвикува, го прават ТИТАН филм што ги бранува духот и вкусовите на филмофилите.
СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine) на Франсоа Озон (François Ozon) е уште еден нов бисер на актуелната француска кинематографија: семејната драма со ѕвездената актерска екипа предводена од Софи Марсо (Sophie Marceau) го третира контровезното прашање за евтаназијата како спас.
Австриско-германската копродукција ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom) на режисерот Себастијан Мајзе (Sebastian Meise) го осветлува криминализирањето на машката хомосексуалност во Германија долго век и половина, кое опстојувало во неколку дијаметрално различни општествено-идеолошки уредувања, од феудализмот преку нацизмот, до современата демократија.
Уште еден наградуван германски филм е на јулската програма. Станува збор за ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs) во режија на Доминик Граф (Dominik Graf), чија сторија го осветлува Берлин во почетокот на 30-тите години од минатиот век. Францускиот филм ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District) на режисерот Жак Одијар (Jacques Audiard) е необично црно-бело остварување за сексуалноста како бегство од сè она што го гуши модерното општество.
На таа критичка линија се наоѓа и СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО (Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn) на Раду Јуде (Radu Jude), па го повторуваме овој романски филм на репертоарот на Кинотеката. На јулската програма е и МЕМОРИЈА (Memoria), филм во режија на уникатниот тајландски автор Апичатпонг Верасетакул (Apichatpong Weerasethakul), кој раскажува мистериозна сторија за Шкотланѓанка во Колумбија.
РАСПОРЕД ПРОГРАМА ЈУЛИ 2022
1 ЈУЛИ (ПЕТОК)
20:15 ч.:
-ПОБЕДНИЦИТЕ СЕ ДОСАДНИ (Победници су досадни)
-НАЈВАЖНИОТ ДЕЧКО НА СВЕТОТ (Најважнији дечко на свету)
–РЕПЕТИТОР: СТЕСНЕТИ СОНИШТА (Сужени снови)
–ВИКТОРИЈА (Викторија)
2 ЈУЛИ (САБОТА)
20:15 ч.: ЕЛА ФИЦЏЕРАЛД: ЕДНА ОД ОНИЕ РАБОТИ
(Ella Fitzgerald: Just one of those things) – режија: Лезли Вудхед
21:30 ч.: РОНИ ВУД: НЕКОЈ ОД ГОРЕ МЕ САКА
(Ronnie Wood: Somebody up there likes me)
4 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
20:15 ч.: ОМАЖ НА ЈАНЕ АЛТИПАРМАКОВ:
5 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
20:15 ч.: СЕСТРИ СО ТРАНЗИСТОРИ (Sisters with Transistors)
21:45 ч.: МОБИ (Moby Doc)
6 ЈУЛИ (СРЕДА)
18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)
20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)
8 ЈУЛИ (ПЕТОК)
20:15 ч.: 107 МАЈКИ (Cenzorka / 107 Mothers)
22:15 ч.: REBIRTH: VOICE OF SILENCE
9 ЈУЛИ (САБОТА)
20:15 ч.: ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ: НАДВОР ВО СВЕТОТ / НАДВОР ВО ИДНИНАТА
(Planet of the Sheep: Out into the World / Out into the future)
22:15 ч.: НАСТАВНИЧКА КАНЦЕЛАРИЈА (Zbornica / The Staff Room)
10 ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
20:15 ч.: КРАТ (Kratt)
22:15 ч.: НА РАБОТ ОД РАЈОТ (Auf Der Anderen Seite / The Edge Of Heaven)
11 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
20:15 ч.: #dogpoopgirl
22:15 ч.: ОД НИКАДЕ (In The Fade / Aus Dem Nichts)
12 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
20:15 ч.: КРПЕНИЦА (Patchwork)
22:15 ч.: РЕЗ (The Cut)
13 ЈУЛИ (СРЕДА)
20:15 ч.: ДРУГИ ЛУЃЕ (Inni ludzie / Other People)
22:15 ч.: ДУШЕВНА КУЈНА (Soul Kitchen)
15 ЈУЛИ (ПЕТОК)
20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА,
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ
16 ЈУЛИ (САБОТА)
20:15 ч.: ДЕСОНАНЗ – ФЕСТИВАЛ НА ЕЛЕКТРОНСКА МУЗИКА,
ВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ И НОВИ МЕДИУМИ
19 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
18:00 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)
20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)
18 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)
20:15 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom)
20 ЈУЛИ (СРЕДА)
18:00 ч.: КЛОВНОВИ (I Clowns / The Clowns)
20:15 : ТИТАН (Titane)
21 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)
18:00 ч.: ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ (SpaceBoy)
20:15 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО
(Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)
22 ЈУЛИ (ПЕТОК)
18:00 ч.: ГОЛЕМА СЛОБОДА (Große Freiheit / Great Freedom)
20:15 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)
23 ЈУЛИ (САБОТА)
18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)
20:15 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)
25 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18:00 ч.: МЕСЕЧИНА ОД ХАРТИЈА (Paper Moon)
20:15 ч.: ТИТАН (Titane)
26 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
18:00 ч.: СО СРЕЌА ДУПЕЊЕ ИЛИ УЛАВО ПОРНО
(Babardeală cu bucluc sau porno balamuc / Bad Luck Banging or Loony Porn)
20:15 ч.: ФАБИЈАН (Fabian oder Der Gang vor die Hunde / Fabian: Going to the Dogs)
27 ЈУЛИ (СРЕДА)
18:00 ч.: СÈ ПОМИНА ДОБРО (Tout s’est bien passé / Everything Went Fine)
20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)
28 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)
18:00 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)
20:15 ч.: МЕМОРИЈА (Memoria)
29 ЈУЛИ (ПЕТОК)
18:00 ч.: КАДИФЕНА КРАЛИЦА (La panthère des neiges / Velvet Queen)
20:15 ч.: ПЛАНИНА НА СМРТТА (Feng bao / Cloudy Mountain)
30 ЈУЛИ (САБОТА)
18:00 ч.: ТИТАН (Titane)
20:15 ч.: ПАРИЗ – ЉУБОВНА ПРИКАЗНА (Les Olympiades, Paris 13e / Paris, 13th District)
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.