Главниот командант на руската Национална гарда и поранешен личен телохранител на рускиот претседател Владимир Путин, Виктор Золотов, зборуваше за одвивањето на руската воена акција во Украина.

Сакам да ве информирам вас и сите присутни парохијани дека единиците на Националната гарда, заедно со вооружените сили на Руската Федерација, ги исполнуваат сите задачи поставени за време на оваа воена операција – истакна Золотов по богослужбата во московската црква Христос Спасител.

Тој додаде дека акцијата не се одвива целосно според посакуваното темпо, затоа што украинските сили користат „валкана тактика“.

Не оди сè толку брзо како што би сакале, затоа што нацистичките одреди се кријат зад грбот на цивилите, постарите, жените, децата и организираат борбени позиции во градинките, училиштата и станбените згради – истакна Золотов.

Тој порача дека верува во победата на Русија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.